Connect with us

Анчелоти: Нѐ очекува тежок натпревар во Неапол

Реал Мадрид ќе се соочи со еден од најдобрите тимови во Италија и ова ќе биде најтешкиот натпревар за тимот во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова го изјави тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, пред гостувањето кај Наполи во второто коло од групната фаза во елитното натпреварување.


Реал, кој цели кон рекордната 15. европска титула, победи со 1-0 на домашен терен против Унион Берлин во првиот натпревар, додека Наполи победи со 2-1 на гостувањето кај Брага. Така мечот на стадионот „Диего Марадона“ утревечер би можел да се покаже како клучен за првата позиција во групата Ц.

„Играме против еден од најдобрите тимови во Италија. Минатата година поминаа многу добро, станаа шампиони на Италија. Очекувам рамноправен натпревар на високо ниво“, изјави Анчелоти, кој пред неколку години беше на чело на тимот од Неапол.

„Како тренер овде имав многу позитивни моменти, а градот е исто така одличен. Имаше и лоши ситуации, но ги задржав само убавите спомени“, додаде италијанскиот стратег.

„Сепак, мојот однос со клубот од Наполи не е добар и не гледам смисла да се вратам во него. Мислам дека нашата разделба во 2019 година беше од корист за мене бидејќи две години подоцна успеав да се вратам во најдобриот клуб во светот“, додаде Анчелоти, кој беше на чело на Наполи во периодот од 2018 до 2019 година.

Последната средба помеѓу Реал и Наполи беше во пролетта 2017 година. Тогаш шпанскиот тим ги доби двата меча со 3-1, а потоа стигна до трофејот под водство на Зинедин Зидан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови