
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Tен Хаг, го изрази своето задоволство од играта и победата од 3-0 против Кристал Палас во меч за Карабао купот. Сепак, тој одби да ја коментира ситуацијата со Џејдон Санчо, кој веќе еден месец е во немилост.
„Игравме добро и доминиравме. Кога не победувате, има фрустрација и иритација. Но, ние секогаш сме биле силни по дух, секогаш обединети. Во победата од 1-0 над Барнли направивме чекор напред во однос на одбраната и сплотеноста, но и во контролирањето на топката. Сепак, има уште многу да се надградува.
Отсекогаш знаев дека Амрабат може да игра како лев бек. Тој му дава многу енергија на тимот. Мегваер исто така настапи на ниво во кое никогаш не се сомневав.
Што се однесува до Санчо, не разговарам за играчи кои не ми се на располагање. Сѐ зависи од него“, изјави Тен Хаг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski