
Кожуф е лидер во второлигашкото друштво, досега има максимални пет победи, но денеска (15 часот) го очекува нов голем испит, гостувањето кај Беса во Врапчиште.
Беса сигурно ќе сака да го искористи домашниот терен и да му го нанесе првиот пораз на тимот од Гевгелија.
Пелистер по поразот од Кожуф сега е домаќин на Караорман и се чини дека е голем фаворит за трите бода.
Детонит Плачковица ќе гостува кај Тетекс, а Беласица патува во Кочани на дуел со Осогово. Охрид ќе го пречека составот на Скопје, Арсими игра со Вардар Неготино, а Башкими ќе се сретне со Саса.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 6.КОЛО (Денеска, 15 часот)
Беса – Кожуф
Пелистер – Караорман
Охрид – Скопје
Арсими – Вардар Неготино
Тетекс – Детонит Плачковица
Башкими – Саса
Победа – Новаци
Осогово – Беласица

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski