
Еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња, Самуел Ето, сега претседател на Камерунската фудбалска асоцијација, според камерунскиот портал Камфут е во центарот на скандал со местење натпревари. Медиумот наводно поседува аудио снимки кои го компромитираат Ето и го обвинуваат за злоупотреба на позицијата прв човек на камерунскиот фудбал.
Камфут пишува дека на објавените снимки јасно се слуша како победникот во Лигата на шампионите со Барселона и Интер разговара со Валентино Фвејн, претседателот на Викторија Јунајтед, тимот кој минатата сезона се пласираше во првата камерунска лига. Разговорот датира од почетокот на годината, а сопственикот на Викторије му се пожалил на славниот напаѓач дека мисли дека судиите крадат од неговиот клуб и дека поради ова нема да може да избори влез во елитната класа.
„Смирете се, ќе ви дадеме три бода и ќе ви делегираме судии, ве уверувам. Уште не сум дома, излезен сум брат. Немав време ниту да разговарам со претседателот на судиската комисија. Сега не можам директно да ги барам судиите, но можам да го побарам претседателот. Има работи што можеме да ги направиме, но мора да бидеш многу дискретен, брат”, наводно рекол Ето. На крајот, овој клуб избори пласман во првата лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
