Нова тензија се појави во репрезентацијата на Белгија, овој пат повод беше капитенската лента која му беше дадена на Ромелу Лукаку.
Според информациите на белгиското издание „Het Nieuwsblad“, тоа го вознемирило голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, кој беше другиот главен претендент за капитенската лента на Белгија.
Во отсуство на редовниот капитен Кевин Де Бруин, кој е повреден, Лукаку ги предводеше „црвените ѓаволи“ со капитенската лента против Австрија во саботата. Планот беше Куртоа да ја носи лентата на следниот европски квалификациски натпревар против Естонија.
Сепак, ова очигледно не му се допадна на голманот, кој не беше присутен кога Белгијците се собраа во нивниот хотел за да почнат со подготовките за натпреварот против Естонците. Според последните информации, голема е веројатноста Куртоа да не патува со тимот за мечот со Естонија кој е утре.
Тензијата во соблекувалната очигледно влијаеше и на настапот на Белгија, со тоа што тимот не успеа да ја победи Австрија играјќи 1-1 во квалификациите од групата Ф за ЕП 2024. Исто така, се тврди дека Куртоа, кој го забележа својот 100. натпревар за националниот тим , се нафрлил на некои од соиграчите во соблекувалната по последниот судиски свиреж за нивната лоша игра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













