
Макфудбал во Манчестер,
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) ќе го има најголемиот испит во досегашниот тек од квалификациите за ЕВРО 2024. На „Олд Трафорд“ ќе има пресметка со првиот фаворит, селекцијата на Англија, која делува застрашувачки.
„Црвено-жолтите“ имаат и кадровски проблем во одбраната по суспензијата на Висар Мислиу. Тој доби црвен картон на мечот со Украина и нема да му биде достапен на селекторот Благоја Милевски.

Опциите се две, неговото место да го заземе Јован Манев и да го одигра првиот меч како стартер на дуелот против најголемиот фаворит, или пак во тимот да се врати Дарко Велковски. На негова страна е искуството и сигурно дека Милевски не би имал големи дилеми, доколку тој не се жалеше на настинка и на зголемена телесна температура во изминатите неколку дена.
На „Олд Трафорд“ го одработи тренингот, а последниот збор најверојатно ќе го има и лекарскиот тим, па и самиот Дарко Велковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
