
Крилниот напаѓач Дејан Кулушевски сега и официјално е играч на Тотенхем. Швеѓанецот минатата сезона ја мина на позајмица, а раководните луѓе на Тотенхем беа задоволни од него и решија да го откупат од Јувентус. На „старата дама“ ќе и платат 30 милиони евра, а тоа ќе се случи на неколку рати.
Англичаните веќе платија 10 милиони евра за позајмицата на играчот.
„Јувентус може да соопшти дека постигна договор со Тотенхем, кој одлучи да ја искористи опцијата за откуп на правата на Дејан Кулушевски за сума од 30 милиони евра, која ќе биде исплатена во рок од шест финансиски години. Оваа операција генерира позитивен економски ефект од приближно 12,8 милиони евра“, објави Јувентус.
Во првичниот договор меѓу двата клуба, откупната клаузула беше вредна 35 милиони евра, но Тотенхем успеа да ја намали. Кулушевски за Тотенхем постигна седум гола на 57 натпревари.
Тој сега потпиша договор со лондончани до 2028 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
