
Каков крај на фудбалската клупска сезона во Шпанија. Во плеј-офот за влез во Ла Лига, Алавес избори место меѓу најдобрите тимови во Шпанија следната сезона откако реализираше пенал во 130. минута.
„Регуларниот“ дел од реваншот од плејофот на Сегунда меѓу Леванте и Алавес заврши 0-0, исто како и на првиот дуел во Виторија, па се играа продолженија во кои домаќинот требаше само да одржи „нула“ со цел да игра во Примера поради подобрата позиција на табелата во лигашкиот дел.
Се чинеше дека Леванте ќе го сочува својот гол, но топката во шеснаесетникот на Леванте удри во раката на еден дефанзивец, а судијата Маесо, откако неколку минути го гледаше видеото на ВАР, покажа на пенал за Алавес.
Асиер Виљалибре ја презеде одговорноста и погоди за тимот од Виторија да обезбеди пласман во елитата.
Enhorabuena! @Alaves pic.twitter.com/Z2MiIJ5Gzj
— Adrián Ros (@AdrianRos21) June 17, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
