
Зинедин Зидан по четврти пат доаѓа во Реал Мадрид. Првиот пат дојде како играч, потоа двапати беше тренер, а сега ќе стане десна рака на Флорентино Перез.
Шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез сака да го врати Зидан во својот клуб, но во моментов тој не е замена за Карло Анчелоти.
Очигледно Перез сака да го искористи тоа што Зидан сѐ уште нема тренерска улога и сака да делува како советник и партнер помеѓу соблекувалната и раководството.
Сепак, истите извори посочуваат на потенцијален „таен мотив“ Зидан да биде подготвен доколку Карло Анчелоти не ја започне добро следната сезона, за да може веднаш да седне на тренерската клупа.
Перез пред неколку месеци сериозно размислуваше да го замени Анчелоти, исто како што Италијанецот ја разгледуваше понудата на бразилската репрезентација која сѐ уште е на маса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
