Македонија имаше водство од 2-0 против Украина по првото полувреме, но потоа се случи голем пад во играта, прими три гола во вториот дел и загуби со 2-3. Еден од најискусните украински фудбалери, Андриј Јармоленко призна дека тој и соиграчите имале и среќа за да стигнат до бодовите во Скопје.
„Имавме многу проблеми во првото полувреме. Македонија покажа дека е сериозен противник. Одиграа одличен пресинг, а ние не знаевме како да се однесуваме. Но, потоа одеднаш натпреварот доби друг тек, а првиот гол ни даде надеж дека можеме да оствариме успех. Имавме и среќа на овој натпревар, не се прави таков пресврт често во фудбалот“, изјави Јармоленко.
По ова, Украина во следното коло ќе игра со Малта, а Македонија оди на мегдан на Англија на „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













