
Кајл Вокер е уште еден дефанзивец на Манчестер Сити кој се поврзува со трансфер во Баерн Минхен, пишуваат медиумите во Германија.
Договорот на Вокер истекува следната година и не е невозможно Манчестер Сити да одлучи да го продаде. Посебно затоа што фудбалерот не е задоволен од минутажата, а бараната сума веројатно нема да биде пречка за трансферот.
Кајл Вокер беше редовен стартер за тимот на Гвардиола кој освои тројна круна, но во последно време се зборува за негово заминување, а бил многу разочаран што останал на клупата во финалето на Лигата на шампионите против Интер.
На тренерот на Баерн Томас Тухел му се допаѓа играчот, веќе е остварен контакт и Англичанецот е отворен за трансфер. Тренерот високо го цени искуството и менталитетот на играчот, а идејата е Вокер да се натпреварува со Нусаир Мазрауи и Јосип Станишиќ за местото на десната страна во одбраната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
