Фудбалската репрезентација на Македонија имаше водство од 2-0 на полувремето, но на крајот загуби од Украина со 2-3 во вториот меч од квалификациите за ЕВРО 2024 на арената „Тодор Проески“.
Експлозија од емоции имаше по првите 45 минути, кога Енис Барди донесе водство реализирајќи пенал во 31.минута, а потоа Елиф Елмас постигна спектакуларен гол од далечина за 2-0 во 39.минута.

Но, како потоа Македонија да престана да игра. Некако се повлековме, Украинците ја преземаа иницијативата и за шест минути успеаја да израмнат. Во 62.минута Илиа Забарниј со удар со глава намали на 2-1, а Јуким Конопља израмни само шест минути подоцна.
Да биде уште полошо, Висар Муслиу заработи црвен картон во 73.минута, а тоа Украина го искористи и да стигне до триумф. Виктор Циганков во 83.минута постигна победнички гол, а двете асистенции за пресврт беа дело на Михаило Мудрик, ѕвездата на Челси.
Македонија в понеделник ќе гостува на „Олд Трафорд“ и ќе ги одмери силите со најголемиот фаворит во групата, селекцијата на Англија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













