Connect with us

Украинците ќе играат против Македонија, а претседателот на федерацијата заврши во притвор

Првиот човек на украинскиот фудбал, Андриј Павелко, денеска заврши во притвор, јавуваат медиумите во Украина. Како дел од судска разврска на аферата во случајот на корупција и проневера на пари за изградба на фабрика за производство на вештачка трева за фудбалски игралишта, тој ќе мора да мине 60 дена во притвор.


Претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андриј Павелко, денеска од судот во Лвов доби притвор од 60 дена без можност за кауција.


Сето ова се случува додека фудбалската репрезентација на Украина се наоѓа во Скопје и вечерва на арената „Тодор Проески“ ќе игра квалификациски натпревар против Македонија во циклусот за ЕВРО 2024.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови