Connect with us

Руди Гарсија е новиот тренер на Елиф Елмас во Наполи

Францускиот стратег Руди Гарсија е нов тренер на Наполи, објави шампионот на Италија. Тој ќе го предводи тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Гарсија ќе го наследи Лучијано Спалети кој замина по освојувањето на титулата.


По десетдневни преговори меѓу претседателот на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис и 59-годишниот Французин, постигнат е договор тој да се врати во Серија А, овојпат на југот на Италија.


Французинот претходно работеше како тренер на Рома од 2013 до 2016 година, а минатата сезона го предводеше Ал-Наср, но дури и со Кристијано Роналдо во тимот ја загуби трката за титулата во Саудиска Арабија и доби отказ на 12 април.


Најголемото тренерско достигнување на Риди Гарсија е шампионската титула со тимот на Лил во 2011 година, кога го освои и Купот на Франција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови