
Барселона ќе се засили со бразилски напаѓач. Каталонскиот клуб постигна договор со Атлетико Параненсе за потписот на 18-годишниот Витор Роке.
Каталонците ќе платат околу 40 милиони евра за бразилскиот талент кој ќе потпише петгодишен договор. Каталонците ги договорија сите детали на договорот, но ќе го официјализираат откако ќе се разделат со некои од нивните сегашни играчи и ќе успеат да ослободат простор во буџетот за плати.
Роке стана рекордно засилување на Атлетико Параненсе откако минатата година беше доведен од Крузеиро за 24 милиони бразилски реали, што е еднакво на околу 4,5 милиони евра. Таа сезона настапи на 43 натпревари и постигна 12 гола.
Голема улога во реализацијата на трансферот имаше Деко, кој се очекува да стане спортски директор на клубот. Неговото познавање на бразилскиот пазар и добриот однос со агентот на играчот Андре Кури се покажаа одлучувачки.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
