Connect with us

Реал Мадрид се вклучи во трката за Коло Муани

Реал Мадрид е последниот клуб кој се вклучи во трката за францускиот хит напаѓач Коло Муани од Ајнтрахт, пишува „Билд“. 24-годишниот напаѓач минатата сезона постигна 15 гола во Бундес-лигата и имаше 11 асистенции.


Реал би сакал да го доведе Муани на местото на Бензема за да го спои со Родриго и со Винисиус како крилни играчи.


Ајнтрахт наводно бара над 100 милиони евра отштета, а во трка за Муани се и ПСЖ, Баерн, Манчестер Јунајтед и Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови