Килијан Мбапе го известил Пари Сен Жермен дека во никој случај нема да го продолжи договорот за уште една сезона и не е невозможно летово да биде продаден. Сите угледни извори од Франција ја пренесуваат информацијата дека ПСЖ испратил ултиматум до Килијан Мбапе да го продолжи договорот или дека ќе биде продаден можеби веќе ова лето.
Мбапе не се двоумеше многу и со официјален допис на раководството му порача дека нема да потпише нов договор.
Во Пари Сен Жермен со неверување го дочекаа неговиот одговор и „Л’Екип“ пишува дека клубот сега сериозно размислува да го продаде за неколку недели.
ПСЖ нема да дозволи Мбапе да си замине како слободен играч, па продажбата е реална опција. Сепак, тој нема да биде евтин, а погледите веднаш се насочени кон Реал Мадрид, но и прашањето – дали треба да се платат 200 милиони евра летово за Мбапе?
Мбапе минатото лето го продолжи договорот со парижаните на две сезони со опција до 2025 година, која сега одби да ја потпише.
ПСЖ нема да дозволи играч кој е проценет на 180 милиони евра да си замине без обештетување, а тоа секако ќе биде минималната сума што ќе ја побараат.
Карим Бензема летово го напушти Реал Мадрид и Флорентино Перез како примарна цел ја постави новата „деветка“. Идеалниот одговор е – Мбапе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













