
Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за двата натпревари од јунскиот квалификациски сегемент за ЕВРО 2024. Ривали се селекциите на Украина која ќе гостува во Скопје на 16 јуни, а три дена подоцна Македонија ќе оди на мегдан на Англија на „Олд Трафорд“ во Манчестер.
Дефанзивецот Висар Мислиу вели дека засега во мислите на репрезентативците е првиот меч против Украинците во Скопје.
„Добро е чувството и посебно чувство кога ја претставуваш својата земја. Верувам дека сите фудбалери кои се тука се благодарни и среќни што се дел од репрезентативниот тим. Нормално, атмосферата е позитивна, но тоа мора да го потврдиме на теренот против Украина. Всушност, Украина е нашиот главен конкурент, па прво треба да размислуваме за натпреварот против нив, каде само победата е позитивен резултат за нас. Потоа ќе размислуваме за гостувањето против Англија“, изјави Висар Муслиу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
