
Навивачите на Хајдук мораа да се уверат дека не сонуваат при последните шпекулации дека нивниот тим може да го доведе Мануел Нојер. Медиумите од Хрватска тврдат дека легендарниот германски голман, Мануел Нојер, е во преговори со сплитскиот Хајдук.
Директорот на Хајдук, Лука Јакобушиќ, го договара доаѓањето на еден од најдобрите светски голмани.
На сите им е јасно дека Мануел Нојер е легенда на Баерн Минхен каде што игра во последните 12 години, откако дојде од Шалке.
Договорот на Нојер со овој тим истекува следната сезона, а се зборува дека нема да го продолжат, а токму тука ја гледа својата шанса Хајдук.
Проблемите за Нојер во Баерн започнаа кога ја скрши ногата на скијање, а оттогаш односот е доста затегнат.
Последниве години Нојер неколкупати ја покажуваше својата љубов кон хрватското приморје и таму престојува речиси секое лето.
Наводно, постои и теорија дека тој ветил дека ќе дојде во Хајдук кога го добил голманскиот дрес на овој клуб во Дубровник.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
