
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, ги сподели своите очекувања за претстојното финале во Лигата на шампионите каде неговиот тим ќе се соочи со Манчестер Сити. Тренерот на „нероаѕурите“ има голем репект за Пеп Гвардиола и неговиот тим, но исто така верува дека Интер може да го направи и последниот чекор за да го освои големиот трофеј.
„Разбираме дека ќе се соочиме со најсилниот тим во светот во моментов. Ќе се бориме со најдобрите, со фантастичен состав и тренер кој одбележа ера. Модерниот фудбал е поделен на пред и после Гвардиола. Мора да бидеме внимателни, да играме заедно. Ова ќе биде најважниот натпревар во мојата кариера. Мислам дека тоа важи и за играчите. Онана и Џеко веќе играа во полуфиналето, но не и во финалето. Ова ќе биде ноќ каде што ќе бидеме наградени според нашите заслуги за сите наши напори. Интер направи голем напредок“, изјави Инзаги.
Финалниот дуел во Лигата на шампионите е закажан за в сабота, на 10 јуни, во Истанбул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А

Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Залевски од Рома

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)
