Фудбалската федерација на Македонија го одржа Редовното генерално собраие, кое траеше речиси колку едно фудбалско полувреме. На собранието беа присутни 60 делегати.
Претседателот Муамед Сејдини потенцираше дека Куќата на фудбалот ќе продолжи да биде сервис на македонскиот фудбал и да работи напорно за остварување на целите.
„Ќе продолжиме да бидеме сервис на фудбалот во Македонија и да работиме напорно за остварување на нашите цели. Во било која работа, па и во фудбалот…, највредно е времето. Дали ќе го искористиме на вистински начин и дали ќе работиме напорно или едноставно ќе го подариме. Од моето искуство со вас, убеден сум дека ќа работиме напорно за Фудбалската федерација на Македонија и за промоција на нашиот фудбал и фудбалери. И навистина ми е мило кога на Конгрес на УЕФА или ФИФА ќе видиме огромна почит кон нашата федерација. Тоа е она што ги полни батериите и ни дава енергија за она што го правиме“, изјави Муамед Сејдини.
Финансискиот извештај вели дека федерацијатаза 2022 година е во добивка од околу 4,2 милиони евра. Приходите се зголемени за 3,66% во однос на претходната година, најголем дел од ТВ права и од реклами.
Претстојната година ќе биде насочена кон подобрување на инфраструктурата на комплексот „Петар Милошевски“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski