Борусија Дортмунд е на чекор до титула во Бундес-лигата, а во решавачкиот меч, последното коло дома против Мајнц, најверојатно ќе мора да игра без помошта на најдобриот фудбалер Џуд Белингем. Тој има повреда на коленото.
„Џуд успеа да ги засили тренинзите овие денови, што е добар знак. Дефинитивно сакаме тој да биде вклучен во тимот за сабота. Меѓутоа, секако тоа ќе се зависи од Белингем и од лекарскиот тим“, изјави тренерот Един Терзиќ.
Саботниот натпревар против Мајнц би можел да биде последен во дресот на Борусија Дортмунд за 19-годишниот Белингем, со оглед дека за него е заинтересиран Реал Мадрид.
Борусија Дортмунд има два бода предност пред Баерн Минхен, во пресрет на последното коло. „Милионерите“ дома го пречекуваат Мајнц, а Баерн Минхен игра на гостински терен против Келн.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













