
Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една година. Тој ги договори сите услови со клубот каде настапува повеќе од една деценија откако пристигна од Тотенхем во 2012 година.
За тоа време Модриќ освои сѐ што може да се освои со Реал и тоа повеќе од еднаш (22 трофеи), додека во 2018 година ја освои „Златната топка“ за најдобар играч на светот.
Лука Модриќ секогаш ги оставаше во втор план економските услови и само сакаше да ја заврши кариерата во Реал Мадрид, што ќе му се оствари.
Хрватот веќе неколку месеци на маса има понуда од Саудиска Арабија која изнесува 40 милиони евра по сезона, но не сакаше ни да размисли, а таа пристигна само колку да го притисне Реал да реагира.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski