 
																												
														
														
													Уште двајца фудбалери на Шкендија се согласија да останат во тетовскиот клуб откако Мевљан Мурати и Валмир Нафиу денеска потпишаа нови договори со „црвено-црните“.
„Претходниот договор ми истекуваше летово, но во ниту еден момент не се сомневав дали ќе останам во клубот. Верувам дека Шкендија ќе бележи нови успеси во наредниот период“, изјави Мурати по потписот на новиот договор, со важност до 2023 година.
Нафиу, кој беше дел од младинската школа на Шкендија, потпиша нов едногодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.
„Им благодарам на челниците за довербата што ми ја укажаа, ќе сторам се за да ја оправдам со добри игри во иднина. Оптимист сум дека пред нас е успешен период“, истакна Нафиу.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														