
Маркус Рашфорд ја има најдобрата сезона во кариерата, откако веќе постигна 27 гола во сите натпреварувања и му помогна на Манчестер Јунајтед да обезбеди стабилност меѓу најдобрите четири екипи во Премиер-лигата. Холанскиот стратег Ерик тен Хаг инсистира дека не може да биде единствениот одговорен и се пошегува дека не е Хари Потер.
„Не размислувам само за приказни – јас не сум Хари Потер! Тоа е процес, има многу инструменти кои ги вложувате во вашето управување, за да им овозможите на луѓето да ја достигнат својата најдобра форма. Се работи за тимот, начинот на игра, тренерски, официјални или неформални разговори, се работи за работа со играчот. Но, најмногу значи тоа што има фудбалски вештини. Кога некој има најдобар став, најдобар менталитет, ќе дава и голови“, изјави Тен Хаг.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“ најверојатно ќе го нема Маркус Рашфорд на располагање за дуелот со Њукасл. Сепак, „црвените ѓаволи“ се надеваат на добра игра и позитивен исход на утрешниот дуел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
