
Манчестер Сити и Ливерпул денеска на „Итихад“ (13.30 часот) ќе го одиграат големото дерби од 29. коло во Премиер – лигата. Сити има натпревар помалку од Арсенал, но моментно заостанува осум бода зад „топчиите“ во битката за врвот.
Од друга страна, Ливерпул се враќа во борбата за Лигата на шампионите каде има седум бода и два натпревари помалку од четвртопласираниот Тотенхем.
Цела Англија го чека моментот кога Арсенал ќе се сопне и ќе му дозволи на искусниот Манчестер Сити сепак да ја одбрани титулата. Сепак, Пеп Гвардиола ги отфрла ваквите теории, а на прес-конференцијата пред натпреварот изјави дека таквите приказни немаат основа и дека ќе му биде многу тешко на неговиот тим да ја освои титулата.
„Попрво би бил во позиција во која Арсенал е без искуство со освојување на Премиер лигата, отколку на позицијата на која сме ние сега, имајќи искуство од освоени четири титули за пет години. Минатото е минато, искуството не значи ништо. Апсолутно ништо, верувајте ми“, изјави Гвардиола.
„Тоа што се случувало во минатото не значи ништо во овие ситуации. Минатото е за спомени, за дедовци кои раскажуваат, и тоа е во ред. Но, само сегашноста е важна, а во неа Арсенал има осум бода предност. И кога навивачите ќе дојдат на натпреварот со Ливерпул , ги интересира само сегашноста, а не она што било порано“, потенцира менаџерот на Манчестер Сити.
Гвардиола веќе неколку пати изјави дека Арсенал е фаворит за шампионската титула, што дел од англиските медиуми го протолкуваа како притисок врз тимот на неговиот поранешен помошник Микел Артета и дека на негова страна ќе преовладува искуството од освојување титули.
„Воопшто не се согласувам со тоа. Искуството во овие ситуации нема никаква врска. Секоја сезона е различна и секој натпревар е различен. Никогаш не влегов во ниту еден натпревар мислејќи дека ќе го добијам поради искуството што го имам од минатото.Тоа е погрешно размислување и затоа никогаш не се водам од историјата, ниту во добра ниту во лоша смисла“, заклучи Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
