
Реал Мадрид е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Брајтон, Алексис Мекалистер. На „Сантијаго Бернабеу“ бараат опции за замена на Лука Модриќ, кому му истекува договорот, а се насочиле кон светскиот шампион со Аргентина, тврди „Тутомеркато“.
Мекалистер блесна со настапот на Светското првенство во Катар, каде одигра клучна улога на патот на Аргентина до светската титула. Во Брајтон исто така се претстави одлично оваа сезона, со 26 настапи, девет гола и една асистенција во сите натпреварувања.
Сепак, Реал Мадрид би можел да има сериозна конкуренција за потписот на 24-годишниот фудбалер, кого го бараат и Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.
Во Брајтон се очекува прилично висока цена за еден од нивните најважни играчи. Клубот е свесен дека може да земе сериозна сума за него, откако Челси плати 127 милиони евра за неговиот соиграч Енцо Фернандез.
На „Сантијаго Бернабеу“ имаат и резервна опција доколку не успеат да го доведат Мекалистер. Станува збор за играчот од средниот ред на Наполи, Станислав Лоботка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
