Левиот бек Ферлан Менди има нова повреда, соопшти неговиот клуб Реал Мадрид.
„По извршените тестови на нашиот играч Ферлан Менди од страна на медицинските служби на Реал Мадрид, констатиран му е мускулен проблем на левата потколеница. Неговото закрепнување ќе се следи“, се вели во соопштението на шпанскиот гигант.
Францускиот лев бек не се појави на теренот во дресот на Реал речиси два месеци откако заработи повреда на крајот на јануари. Тој влезе како замена и одигра 28 минути во поразот од Барселона со 1–2 во Ла Лига на 19 март.
Ферланд Менди му се приклучи на Реал Мадрид од Лион во 2019 година. Шпанските медиуми проценуваат дека оттогаш тој пропуштил дури 52 натпревари на кралскиот клуб поради повреди, поминувајќи 312 дена надвор од теренот.
Сега се очекува тој да паузира речиси еден месец, а сигурно ќе го пропушти претстојното „Ел Класико“ во Копа дел Реј како и двата натпревари во Лигата на шампионите со Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













