
Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, потпиша нов рекламен договор со Најк, објави американскиот концерн.
„Невидениот подем на Халанд во европскиот фудбал, во комбинација со неверојатна рекордна бројка на голови, го зацврстува неговиот белег врз иднината на спортот“, се вели во соопштението на американскиот бренд.
„Посветеноста на Халанд за севкупна кон севкупната физичка подготвеност, ги зајакнува неговите силни страни на теренот: инстинкт за гол, сила, позиционирање, брзина и прецизност“, истакнува спортската компанија.
Според медиумите, договорот на Норвежанецот со американскиот концерн ќе изнесува 23 милиони евра годишно, што го прави неговиот договор втор најскап во историјата на фудбалот по договорот на Нејмар со „Пума“ за 26 милиони евра. Неговото времетраење ќе биде повеќе од десет години.
„Најк“ ќе сака Халанд да биде наследник на Бразилецот Роналдо, и не само што ќе го стимулира неговиот развој на теренот, туку и ќе го претвори во икона на генерациите. Двајцата со Феноменот делат иста позиција, голгетерски амбиции и бројката на дресот.
A new era of #9.@erlinghaaland is a Force Of Nature.
— Nike Football (@nikefootball) March 31, 2023
Are you ready?#nikefc pic.twitter.com/7UZrG0dngq
Договорот е револуционерен затоа што, покрај тоа што го користи како главно лице на нивните реклами, американската фирма е посветена на реализација на проекти и искуства на социјалните мрежи за обожувателите кои никогаш досега не биле направени. Компанијата придава зголемено значење на личната страна на играчот и сака целосно да го искористи брендот на напаѓачот на „граѓаните“.
Последниот договор на 22-годишниот играч со „Најк“ истече во јануари 2022 година. Други големи спортски компании како „Адидас“ и „Пума“ исто така сакаа да потпишат со Норвежанецот, но тој на крајот се одлучи за американскиот бренд.
Така, напаѓачот на Манчестер Сити и на репрезентациката на Норвешка повторно се придружува на „Најк“, со кој има спонзорски однос од 14-годишна возраст. Халанд му се придружува на елитниот фудбалски тим на американскиот бренд од ѕвезди, вклучувајќи ги Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо, Кевин де Брун и Маркус Рашфорд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
