Connect with us

Барселона ги потврди контактите со Меси: Лео знае колку го цениме и би сакале да се врати

Каде ќе игра Лионел Меси следната сезона? Тоа прашање сѐ уште нема одговор, а веројатно ниту Аргентинецот не знае точно дали ќе остане или ќе замине од ПСЖ.


Неговиот договор со францускиот шампион истекува на крајот од сезоната, а Барселона веќе ги направи првите чекори за да го убеди Меси да се врати. Потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте, за првпат ги потврди контактите.

„Контактиравме со тимот на Меси. Лео знае колку го цениме и би сакалe да се врати во Барселона. Бев вклучен во преговорите пред две години и сѐ уште се сеќавам колку беше тешко да го пуштиме. Сигурно дека Меси ја сака Барса и градот, па се надеваме дека ќе ги најдеме вистинските услови за продолжување на неговата приказна“, изјави Јусте.

Меси доби понуда од ПСЖ за продолжување на соработката, но сѐ уште не одлучил што сака. Сезонава на 32 натпревари постигна 18 гола и забележа 17 асистенции, но клубот испадна во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Навивачите го обвинуваат Меси за недостаток на посветеност и труд во дресот на ПСЖ и сакаат тој да го напушти клубот.

Од друга страна, од Каталонија дојдоа вести дека Барселона би можела да го плати Меси околу 10 милиони евра по сезона, што е сосема доволно за трансферот да биде реализиран.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови