Фудбалската репрезентација на Македонија со триумф од 2-1 против Малта го отвори новиот циклус квалификации за пласман на ЕВРО 2024. Иако не блескаа, сепак, селекторот Благоја Милевски е задоволен од крајниот ефект на фудбалерите, како и од залагањето и желбата за триумф.
Елмас и Чурлинов беа стрелци на головите за нашиот национален тим, а селекторот Благоја Милевски доби црвен картон во завршницата од мечот.
„Добив црвен картон затоа што сум го напуштил просторот за водење на тимот крај клупата. За тоа се добива жолт картон, но ете јас поцрвенев. Сакам да им честитам на момците, за енергијата, за желбата и тактичката дисциплина што ја покажаа на овој натпревар. Ваквите мечеви со ривали како Малта се најопасни. Најважно е дека победивме, а од натпревар во натпревар сме сѐ подобри. Сѐ повеќе наликуваме на тим каков што посакувам да имаме. За жал, имаме повреди. Ѓоко Зајков со итна помош е одведен во болница, а Адеми се повреди на последниот тренинг“, изјави селекторот Благоја Милевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski