Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) против Малта го игра првиот натпревар од новиот циклус квалификации за пласман на Европското првенство во Германија во 2024 година. Нашиот национален тим е фаворит, но треба тоа да го оправда и на теренот.
Фудбалерот за врска Енис Барди верува дека Македонија ќе успее да триумфира.
„Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што не очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта. За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме“, изјави Барди.
Малта сепак не е наивен ривал, во последните неколку натпревари забележаа добри резултати, но традицијата од досегашните мечеви е апсолутно на страната на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













