Последните часови од првично објавениот рок за поднесување втори понуди за купување на Манчестер Јунајтед се претворија во целосна фарса. Претставниците на двајцата главни кандидати за клубот, шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани и Сер Џим Рeтклиф – првично објавија дека двете групи ги доставиле своите нови понуди пред крајниот рок.
Сепак, „Rain Group“ изјави дека до овој момент не пристигнале официјални понуди од странските кандидати кои побарале и соодветно добиле продолжување на рокот. Сепак, според „Скај Спорт“, катарските инвеститори тврдат дека не сакале вакво продолжување и биле подготвени навреме да ја достават својата понуда, но откако добиле понуда за продолжување на рокот, решиле да ја искористат предноста.
Повеќето медиуми на Островот тврдеа дека понудите кои двајцата главни кандидати ги подготвиле се во износ од околу 5 милијарди фунти. Катарците дури и ја доставиле својата понуда навреме, но потоа ја повлекле по продолжениот рок.
Семејството Глејзер продолжува да се залага за продажба на клубот за околу 6 милијарди фунти. И да не ја достигне оваа сума, сигурно е дека ако има договор, тоа ќе биде рекорд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













