Малта е првиот ривал на фудбалската репрезентација на Македонија во новиот циклус квалификации за ЕВРО 2024. Тоа е селекцијата со најслаб ранкинг во групата во која се уште и Англија, Италија и Украина.
Селекторот Микеле Марколини вели дека Малта на хартија е аутсајдер, но дека вистинското мерило е само фудбалскиот терен.
„Македонија е квалитетна репрезентација. Беше дел од Европско првенство, беше и во бараж за пласман на Светско првенство. Искрено, не знам дали и колку Македонија во моментов е посилна од нас. Ќе видиме утре на теренот. Таму единствено се покажува силата и моментната форма. Јас сум нов, првпат во позиција на селектор, па ќе се потрудам да оставам некој белег и да оствариме резултати со кои Малта ќе се гордее. Ќе играме без страв, ќе се обидеме да се надигруваме, па што ќе биде, ќе видиме по завршувањето на мечот“, изјави селекторот на Малта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













