Connect with us

Стефан Ристовски: Одиме чекор по чекор, добро ќе биде да ја победиме Малта

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) го отвора новиот циклус квалификации за ЕВРО 2024. Прв ривал е Малта, а капитенот Стефан Ристовски се надева на триумф.

“Нема да кријам, посакуваме победа над Малта. Нема да биде лесно, групата е тешка, ги имаме Англија, Италија и Украина, па Малта е ривал по мерка за да го отвориме циклусот како што посакуваме. Сега сме конечно речиси комплетни, очекувам да изгледаме добро и на теренот. Би било навистина добро да отвориме со победа”, изјави капитенот Стефан Ристовски.

Селекторот Благоја Милевски вели дека Малта сепак не е наивен противник.

“Ги анализиравме, имаат неколку квалитетни фудбалери, а сега и нов селектор. Ние сме фокусирани на нашиот настап, верувам дека момците ќе одиграат како што ќе се договориме и дека ќе имаме успешен прв настап против Малта. Македонија играше бараж за Светско првенство, играше на Европско првенство, но сето тоа е историја, сега ќе мораме повторно да докажеме дека имаме квалитет и да одиграме добро за да славиме против Малта”, изјави селекторот Милевски.

За овие два натпревари Доријан Бабунски нема да може да конкурира поради повредата на мускулот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови