Министерството за финансии на Шпанија го поддржа ставот на Барселона во „случајот Негреира“. Како што е познато, Каталонците се обвинети од обвинителството дека на поранешниот шеф на судиите му исплатиле 7,5 милиони евра додека тој сѐ уште бил на неговата функција. Ова се случило во времето на претседателите Хозе Марија Бартомеу и Сандро Росел.
Сепак, „Камп Ноу“ инсистира дека овие плаќања не биле за поткуп на судии и влијание врз резултатите на тимот, како што тврди обвинителството. Барем така тврди актуелниот претседател Џоан Лапорта во нејзините интервјуа на оваа тема.
Министерството за финансии го објави својот официјален став за случајот со кој практично застанаа на страната на Барселона. Оттаму соопштија дека нема докази дека овие пари се дадени за купување судии и обвинителството сѐ уште не докажало ниту едно од своите обвиненија.
Во меѓувреме, Барселона започна сопствена истрага за случајот. Се очекува наскоро клубот да организира прес-конференција на која ќе ја претстави својата верзија за настаните и ќе открие што точно се случило.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













