Connect with us

Македонија има само 5% шанси да се пласира на ЕВРО 2024

Фудбалската репрезентација на Македонија утре со натпреварот против Малта го отвора новиот циклус квалификации за пласман на Европското првенство во Германија во 2024 година. Во групата се уште Англија, Италија и Украина, па на нашиот национален тим не му се даваат големи шанси.

Според „We Global Football“, кој направи симулација, Македонија има нешто помалку од пет отсто шанси за пласман на завршниот турнир.


Македонија е 37. селекција во рангирањето за пласман на ЕВРО 2024 од вкупно 53 репрезентации. Шансите на нашиот национален тим се 4,32%.

Најголеми шанси од групата има Англија (90,88%), пред Италија (88,36%), додека Украина е третото место со 16,36% шанси за пласман. Послаба од Македонија е само позицијата на Малта, нашиот прв противник во групата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови