Фудбалската репрезентација на Македонија в четврток го стартува новиот циклус квалификации за ЕВРО 2024 во Германија. Прв ривал на македонските репрезентативци е селекцијата на Малта која доаѓа како аутсајдер на арената „Тодор Проески“.
Напаѓачот Милан Ристовски верува дека Македонија е поквалитетен тим и дека ќе успее да стартува со триумф во квалификациите за ЕВРО 2024.
„По подолг период повторно сме заедно и имаме нов предизвик. Се надевам дека ќе ги оставиме зад себе оние малку послаби резултати во последниот период и се надеваме дека ќе имаме успешен старт на новиот квалификациски циклус. Малта е прв ривал, мораме да бидеме максимално фокусирани, затоа што иако важиме за фаворити, тоа треба и да го оправдаме. Во секој случај, мислам дека сме поквалитетен тим и ќе сториме сѐ да стигнеме до триумф“, изјави Милан Ристовски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski