Виктор Осимен оваа сезона игра во одлична форма во дресот на Наполи и го предводи клубот од југот на Италија кон освојување на „скудетото“ кое Неапол го чека преку 30 години.
Тој го привлече вниманието на многу клубови и се чини дека на лето Осимен би можел да го реализира трансферот на кариерата.
Во досегашниот дел од сезоната во Серија А на 29 натпревари, Нигериецот веќе постигна 25 гола и забележа пет асистенции, што најдобро покажува дека игра во навистина фантастична форма.
Медиумите во Италија пишуваат дека Челси веќе подготвил конкретна понуда од 120 милиони евра.
„Сините“ се многу заинтересирани за Нигериецот, за кого веруваат дека ќе биде спектакуларно засилување и напаѓач што го бараат веќе неколку сезони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













