Connect with us

Мирослав Клосе доби отказ од Алтах

Мирослав Клосе, рекордерот по бројот на голови на светските првенства, доби отказ од тренерската позиција на австриски клуб Алтах. Тој само девет месеци беше на чело на скромниот тим од Воралберг, но не можеше да го подигне од последното 12. место во поредокот. Минатата година Алтах за чудо се спаси од испаѓање завршувајќи на претпоследната 11. позиција.


„Мирослав Клосе даде сѐ за што беше способен од првиот до последниот ден во нашиот клуб. За нас беше големо искуство што го имавме како тренер, но пред сѐ како личност во Алтах. И иако тренерската промена е секогаш многу болна одлука, за сите е многу поважно Алтах да остане во елитата на австрискиот фудбал и да игра во Бундеслигата и во сезоната 2023/24“, изјави извршниот директор на клубот Кристоф Ленгле во изјава за медиумите.

На својот последен меч Алтах не се претстави лошо и одигра 1:1 кај шампионот Салцбург, но посериозно влијание имаше претходната акумулирана историја и учинок на тимот.
Алтах има 17 бода на дното, еден помалку од следните во поредокот Риед и Хартберг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови