Фудбалерите на Тотенхем очекуваат тренерот Антонио Конте да го напушти клубот и прашање на време е кога тоа ќе се случи. Договорот на Конте истекува на крајот на сезоната, а многу играчи на лондонскиот тим веруваат дека следната сезона ќе бидат предводени од нов тренер, објави денеска „Скај Спорт“.
Играчите сакаат да ја преземат одговорноста за лошиот настап и резултатите, но во тимот постои чувство дека Конте бил блиску до преминување на линијата кога ги нарече себични и ја доведе во прашање нивната посветеност кон клубот, по ремито (3-3) против Саутемптон во саботата.
Во првенствата има двонеделна пауза поради репрезентативните обврски, па претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, има малку повеќе време да одлучи дали ќе преземе нешто по острите критики на Конте. Тој истакна дека вината за неуспесите и годините без трофеи треба да ја преземат играчите, а не само тренерите и сопствениците.
На таа конференција Конте изјави дека клубот има одговорност во преодниот рок, дека секој тренер имал одговорност и дека постојано се бараат алиби за играчите.
„А играчите, каде се играчите? Сопственикот е тука 20 години и ништо не освоиле, зошто? Дали вината е само на клубот или на секој тренер што бил? Бараме алиби, секогаш ново алиби. Се обидувате да им барате изговори на играчите. ОК, продолжете така да правите, секогаш барање изговори за играчите“, изјави Конте.
Стручниот штаб и играчите на Тотенхем имаат два слободни дена и во вторник се враќаат на тренинзи. Засега играчите јавно не ги коментираа изјавите на Конте.
Тотенхем нема освоено трофеј од 2008 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













