Connect with us

Бесарт Ибрами промаши два пенали, Македонија ЃП го слави Стевковски за бодот од Струга (ВИДЕО)

Лидерот Струга Трим Лум не успеа да победи и во вториот меч од пролетната полуетапа. Македонија ЃП со борбеноста на целиот тим и со одличниот голман Христијан Стевковски заслужи бод во ремито без голови.

Ако херој беше Стевковски, тогаш трагичар на мечот е искусниот напаѓач Бесарт Ибраими кој не реализираше два пенали за Струга ТЛ, во 34.минута и во 52.минута. Првиот го одбрани Стевковски, а во вториот обид го погоди дирекот од голот на Македонија ЃП.

„Лавовите“ цело полувреме играа и со фудбалер помалку откако во 45.минута беше исклучен Самаке.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови