Лионел Меси ја напушти Барселона во летото 2021 година и замина во ПСЖ. Сепак, постојано се зборува за неговото можно враќање на „Камп Ну“, а сега таа приказна ја „освежи“ тренерот на Барселона, Чави Хернандез.
Приказната околу враќањето на Аргентинецот во Барселона повторно е актуелизирана откако Чави даде интервју во кое ја коментираше можноста за враќање на најдобриот играч на Светското првенство во Катар во главниот град на Каталонија.
„Зошто да не? Тој одлучува што сака. Тој најдобро знае што чувствува. Се разбира, Барселона секогаш ќе биде негов дом. Тој знае дека има отворена врата овде, особено ако јас сум тренер. Одлуката повеќе зависи од него отколку од клубот“, изјави Чави.
По СП во Катар, каде ја освои светската титула со Аргентина, наводно Меси ја променил првичната одлука за продолжување на соработката со ПСЖ и сега повторно размислува за враќање во Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нов дебакл за Ливерпул (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













