
Најдобриот фудбалер на Тотенхем и капитен на Англија, Хари Кејн, наскоро ќе започне преговори со челниците на неговиот сегашен клуб, за да ја продолжи кариерата во Северен Лондон.
Кејн, кој во понеделникот против Фулам го постигна својот 266. гол, го израмни клупскиот рекорд на Џими Гривс.
Тој има уште само 18 месеци од договорот и има се повеќе луѓе кои веруваат дека би можел да го напушти Тотенхем на лето.
Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен се споменуваат како многу заинтересирани, но тој вели дека неговата цел е да освои трофеј со Тотенхем оваа сезона.
„Сигурен сум дека ќе има разговори во наредните месеци. Фокусиран сум на оваа сезона и како да го дадам најдоброто за мојот тим. Има уште многу да се игра, се обидуваме да се пласираме во Лигата на шампионите, играме и во ФА купот, имаме натпревари во Европа. Тоа ме прави да сум заинтересиран. Знам дека ќе има гласини, многу шпекулации за мојата иднина, но ме интересира само што можам да направам оваа сезона“, изјави Кејн.
На прашањето дали се уште сонува за успех во дресот на Тотенхем, тој рече:
„Секако дека сè уште сакам трофеи со Тотенхем. Тоа е мојата цел откако почнав да играм во првиот тим. Отсекогаш сум бил искрен за тоа и ќе продолжам да работам за да го остварам тоа. Имаме добар тим, фантастичен менаџер и нема причина да не успееме оваа сезона“, заклучи Кејн кој нема освоено ниту еден трофеј во дресот на Тотенхем.
Најблиску беше во 2019 година, кога неговиот клуб загуби во финалето на Лигата на шампионите од Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
