Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ќе го пропушти првиот дел од подготовките на Динамо Загреб поради болест. Тој и играчот за врска Јосип Мишиќ нема да одат со Динамо на зимските подготовки во Ровињ, информираат хрватските медиуми.
Двајцата играчи од првиот состав на Динамо имаат вироза, па засега ќе ги пропуштат подготовките, иако можно е да се приклучат кога и доколку заздрават.
Тренерот Анте Чачиќ ќе ги има на располагање и хрватските репрезентативци кои се вратија од Катар, Доминик Ливаковиќ, Јосип Шутало, Бруно Петковиќ и Мислав Оршиќ, а на подготовките заминува капитенот на македонскиот национален тим, Стефан Ристовски.
Избраниците на Анте Чачиќ ќе одиграат пријателски натпревар против Целје, а треба да останат во Ровињ до 12 јануари.
Динамо Загреб во вториот дел од сезоната во Хрватска влегува со шест бода предност и натпревар повеќе од Хајдук Сплит.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













