Connect with us

Кога Марадона и Пеле жонглираа…„Еден ден ќе играме фудбал заедно и на небото“ (ВИДЕО)

Пеле и Марадона важат за најдобрите фудбалери на сите времиња, а за жал ниту еден од нив не е веќе жив.


По битката со ракот на дебелото црево, денеска почина Пеле и светот остана без една од најголемите фудбалски и спортски легенди.

Еден момент засекогаш ќе остане да сведочи за легендите, кога Пеле и Марадона ги воодушевија гледачите во живо на телевизија жонглирајќи со топката со глава, без да падне.

Марадона го повика Пеле на подиумот велејќи дека тоа ќе биде остварување на сонот за него, а Пеле прифати со широка насмевка.

Диего Марадона почина во 2020 година, а тогаш бразилскиот ас испрати трогателна порака до својот голем пријател.
„Еден ден, се надевам дека ќе играме заедно фудбал на небото“, истакна Пеле.


Легендарниот Бразилец почина денеска, две години подоцна на 82-годишна возраст.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови