
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски најверојатно нема да го носи дресот на Фенербахче во вториот дел од сезоната. Изненадувачка информација доаѓа од Турција, откако раководството на клубот донело одлука предвреме да ја прекине соработката со левиот бек.
Алиоски дојде во Фенербахче на позајмица од саудискиот клуб Ал-Ахли како големо засилување и одигра квалитетни натпревари, а клубот беше заинтересиран комплетно да го откупи неговиот договор.
Сепак, сега ставот е променет и Фенербахче бара начин да ја прекине позајмицата и да го врати Алиоски во Ал-Ахли.
Од Турција доаѓаат информации дека тренерот Жорге Жесус сака да го доведе Дејли Блинд, холандскиот репрезентативец кој заминува како слободен агент од Ајакс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski