
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (15 часот) ја очекува нов предизвик, дуел со Естонија на арената „Тодор Проески“ од тековниот циклус во Лигата на нации. Селекторот Игор Ангеловски и напаѓачот Иван Тричковски најавуваат дека „црвено-жолтите“ ќе одат на нов триумф. Естонците ни се и „должник“ од Талин каде ремизиравме 3-3.
„Главна цел ни беше пласман на ЕП и таа је реализиравме, но сега сме на прво место во групата и ќе дадеме се да бидеме први и во Лигата на нации. Емотивно можеби сме испразнети, но кога се игра нов меч за Македонија, сите ќе се потрудат максимално за да оствариме триумф и против Естонија. Имаме доволно квалитет за победа, па да одиме на Кипар и таму да решаваме за првото место против Ерменија“, вели селекторот Игор Ангеловски.
Напаѓачот Иван Тричковски верува дека Македонија може да стигне до триумф против Естонците.
„Фудбалерите се истрошени психички и физички, но секако ќе дадеме сè од себе за да победиме. Утре со Естонија имаме обврска и желба да оствариме триумф. Ако ги добиеме двата дуели ќе бидеме први, сакаме да победиме и да се пласираме во Лигата Б“, изјави Тричковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
