Connect with us

Ангеловски: Вистинската Македонија ја видовме по примениот гол

Нова победа за Македонија и зацврстување на првото место на табелата во групата Ц од Лигата на нации. Останува уште последниот меч против Ерменија на Кипар в среда, на кој нашиот национален тим ќе се бори за да остане на врвот и да се пласира во Лига Б.

„Се помалку и помалку играчи имаме особено во средниот ред бидејќи и Елиф Елмас се пожали на повреда. Ќе бидат направени прегледи, ќе видиме каква му е состојбата, ќе оди на прегледи, се жали на бутниот мускул. Ќе бидат повикани нови фудбалери, но треба да ни кажат каков е протоколот со тестирањето за коронавирус и потоа ќе ги објавиме кои ќе бидат дополнително повикани“, вели селекторот Ангеловски.

И покрај се, Македонија ќе се бори за првото место на Кипар.  

„Сакаме да бидем први, едната цел е остварена, пласман на ЕП, ова ни е втората цел, да бидеме први и да одиме во Лига Б, заслужуваме да ја заокружиме оваа година на првото место, сега се зависи од нас. На рутина добиваме некои натпревари, но тоа може со противници со послаб квалитет. Ние во првите 30 минути не влеговме добро, потоа постигнавме гол, а вистинската Македонија беше откако го примивме голот. Мора да бидеме задоволни од победата, затоа што денеска најважно беше да победиме. Секој што ќе добие шанса треба да покаже дека заслужува што е тука, се радувам и за Стојановски и за Дориев, сигурно се мотивирани да покажат што можат“, истакна Ангеловски. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови