Connect with us

Меси најдобар играч на Мундијалот, Мбапе најдобар стрелец, Мартинез најдобар голман

Лионел Меси ја освои единствената титула што му недостасуваше во неговата богата кариера. По завршувањето на финалето на Светското првенство доделени се и индивидуалните признанија.


Најдобар млад играч на првенството е аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез.

Најдобар голман или „златна ракавица“ на Мундијалот во Катар е голманот на Аргентина Емилијано Мартинез. Тој беше одличен во финалето и им одбрани два пенали на Французите. Сепак, Мартинез ја одбрани шампионската титула кога во 121. минута од финалето го одбрани шутот на Коло Муани и на тој начин ја спаси Аргентина.

Златната копачка и најдобар стрелец на Светското првенство е Килијан Мбапе со осум гола.

Најдобар фудбалер на Светското првенство е Лионел Меси, кој својата неверојатна кариера ја круниса со уште едно признание.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови